Административен асистент

За компанијата: Даса е микро компанија, оснивана во 1992 година, која е официјален застапник за Р.Македонија на брендови производители на опрема за текстилна индустрија. Работи со големопродажба на опрема (текстилни машини,... повеќе за компанијата »

Даса има амбиција за зајакнување на конкурентската позиција на пазарот и разработување на нови пазари. Поради тоа имаме потреба од административен асистент кој ќе допринесе до ефикасно вршење на работните задачи поврзани со секојдневното работење.

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Работни задачи

  • Организирање и извршување на сите административни активности на компанијата
  • Процесирање на увози (девизни калкулации и приеми во ERP програма, припрема на декларации и др.)
  • Креирање излезни фактури во ERP
  • Креирање нарачки до добавувачи
  • Припрема на продажна роба
  • Комуникација со клиенти
  • Други работи поврзани со административното работење

Потребни квалификации

  • Работно искуство на иста или слична работна позиција (поседување работно искуство не е пресудно)
  • Одлично владеење со MS Excel и MS Word, познавање на англиски јазик
  • Завршена економска едукација ќе се смета за голема предност
  • Искуство во работа со ERP системи ќе се смета за голема предност
  • Комуникациски вештини, доверливост, проактивност, совесност, исполнителност

Што нудиме:

  • Работно време од понеделник до петок од 8:00 – 16:00 (сите празници неработни)
  • Локација Бутел 1 - спроти Макпетрол
  • Конкурентна нето месечна плата во зависност од степен на извршување на активностите (првите 3 месеци до 6 месеци пробни, потоа со целосна нето плата)
  • Пријателска атмосфера за работа

Доколку верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот]   најдоцна до 31.12.2021. Во насловот на пораката ставете назнака Административен асистент. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »