Машински техничар

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

Машински техничар

 Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • ССС- пожелна машинска насока
  • Пожелно е 2 години работно искуство во иста или слична дејност
  • Пожелно е кандидатот да е од близина на Кавадарци/Росоман/Неготино
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Компјутерски познавања од соодветната област;

Одговорности и работни задачи:

  • Извршува активности од типот на заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично на машинската опрема.
  • Извршува ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на машинската опрема во работни услови, за време на дефект на опремата или ремонт, како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност.
  • Извршува редовни проверки на машинската опрема со цел осигурување на исправноста на опремата и рано детектирање на дефекти.
  • Се грижи за исправноста, ја контролира состојбата и правилно ракува со алатите.
  • Ја документира својата работа во соодветни обрасци.
  • Помага при проектирање на нови машински инсталации.

 

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Следење на зададени процеси и процедури во одржувањето;
  • Способност за анализа на настанатите дефекти и проблеми;
  • Самоиницијативност, лојалност и одговорност во извршување на работните задачи;
  • Способност за тимска работа и работа во динамична средина;

 

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »