Градежни инженери

За компанијата: Друштвото за Градежништво БЕТОН – Акционерско Друштво – Скопје е градежна компанија, која е основана во далечната 1947 година со интеграција на неколку мали и слабо опремени тогашни претпријатија. Многу... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ДГ БЕТОН АД Скопје вработува:

Градежни инженери

Инженер на објект

Број на  извршители: 5 ( пет)  

Потребни квалификации:

  • ВСС –градежен  факултет
  • Работно искуство во струката минимум 2 години  
  • Познавање на англиски јазик
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.
  • Одлично познавање на стандарден софтвер (Windows, Office, Project….)
  • Поседување овластување А/Б ќе се смета за голема предност

Опис на работните задачи:

  • Ги прегледува проектните документации;
  • Помага на раководителот на објектот во водење документација и изградба на објектот;
  • Дава стручна помош и упатства на вработените на објектот;
  • Врши надзор и се грижи за целосно навремено извршување на предвидените работни задачи;
  • Грижа за изготвување техничка документација , градежни книги и градежен дневник
  • Дава месечна реализација за извршенте работи на објектот;
  • Врши и други работи по налог и упатство на раководителот на објектот

Работно време: Работата ќе се одвива со полно работно време од 8 (осум) часа, од понеделник до петок, со работно време од 07:30 - 15:30часот.

Место на извршување на работата: Во зависност од самите проекти, променливи локации.

Вашето CV испратете го заклучно со 15.09.2021 година на електронска пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »