Маркетинг агенцијата Дивисион го проширува својот тим и е во потрага по COPYWRITER.
Опис на работно место:
• Местрално жонглирање со зборови. Креативност, бескрајна инспирација…Пишување на содржини за нашите клиенти.
• Учество во подготовка и изработка на годишни стратегии за маркетинг активностите на клиентите, за потребите на компанијата и/или некој од брендовите со кои истата работи за сите канали на комуникација
• Учество во маркетинг кампањи, вклучувајќи предлагање концепти, нивна експликација , како и соработка за таскови помеѓу интерните тимови (Креатива, Продукција, Дигитал)
• Пишување креативни содржини за комуникациски планови за социјални медиуми, координација со тимот за дигитални медиуми за следење на активностите на социјалните платформи
- Пишување на ПР текстови и комуникација со портали
Потребни вештини:
• Одлични комуникациски вештини и пишувачки способности
• Одлични организациски вештини и раководење со време
• Тимски играч
• Способност за работа со рокови и повеќе истовремени активности
• Одлично познавање на Microsoft Office пакет / iWork
• Одлично познавање на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, LinkedIn и Google, како и трендовите за комуникација на тие мрежи
Потребно е претходно работно искуство на оваа работна позиција, пожелно минимум 1-2 години
Што нудиме:
• Работа во динамична средина со современи технологии
• Работа во тим со поддршка и менторство од поискусни колеги
• Простор за учење и напредок во областа на маркетингот и дигиталните медиуми.
Рок за аплицирање: 05.05.2023год.
Сите заинтересирани кандидати може да испратат свое CV на [најави се за да го видиш е-маилот]