Бренд менаџер

За компанијата: ГРУПАЦИЈАТА САРАНТИС е мултинационална компанија за потрошувачки производи која континуирано се проширува како во својот географски отпечаток така и во водечките брендови. Основањето на Сарантис Скопје... повеќе за компанијата »

  БРЕНД МЕНАЏЕР

ГРУПАЦИЈАТА САРАНТИС е мултинационална компанија за потрошувачки производи која континуирано се проширува како во својот географски отпечаток така и во водечките брендови. Основањето на Сарантис Скопје во 1997 беше дел од процесот на ширењето на Групацијата во регионот на Балканскиот Полуостров. Нашата основна активност е трговија и дистрибуција на сопствени и дистрибутивни производи за лична нега и домаќинство. Вршиме дистрибуција на брендови за лична нега во наша сопственост како што се: STR8, C-THRU, BU, ELODE, BIOTEN и CARROTEN, како и сопствени брендови за домаќинство како што се: FINO, TOP STAR и TUB.O.FLO. Покрај тоа, преку договори за застапување вршиме дистрибуција и на брендови на други компании како: Wash & Go, Tesori d’Oriente, Denim, Gaia, Strep, Batiste и Antonio Banderas.

Како компанија водена од целите, ние се грижиме да ја завршиме нашата мисија, притоа усвојувајќи општествено одговорни практики и еколошки методи на производство.

Придружи се на нашиот тим како Бренд Менаџер во Скопје.

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Поддршка во спроведување на бренд плановите и активностите со цел да се постигнат планираните маркетинг резултати
  • Пронаоѓање на нови маркетинг можности, максимизирање на сите можности за раст и развој на брендот;
  • Поддршка во спроведување на локалните макетинг активности, истовремено менаџирајќи го финансискиот буџет
  • Контрола врз имплементација и резултати од бренд плановите и активации преку продажбата, дистрибуцијата, и други релевантни извештаи
  • Мониторинг на надворешни агенции за да се осигура дека дневните активности поврзани со брендот се имплементирани со квалитет и согласно со планираните трошоци
  • Ја менаџира соработката помеѓу локалниот маркетинг оддел и логистиката.
  • Дава релевантни извештаи и информации за брендовите на одделот за продажба и одделот за маркетинг.
  • Ги следи трендовите на пазарот, го истражува пазарот на потрошувачка и активностите на конкурентите за да  идентификува можности и одговори на клучните прашања.
  • Контрола и организација на медиумски кампањи

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Универзитетска диплома
  • Најмалку 2 години искуство во трговија или маркетинг
  • Способност за напредно планирање, презентирање и преговарачки вештини
  • Желба за учење и проактивност во работењето
  • Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет)
  • Познавање на напреден англиски јазик
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија
  • Ефикасно раководење на тим од соработници
  • Креативност и иновативен пристап
  • Ефективна соработка со останатите оддели во компанијата
  • Професионалност, посветеност и лојалност
  • Самоиницијативност и тимска работа

Сарантис Скопје нуди можност за развивање на Вашата кариера во средина која обезбедува исполнување на работното место за вработените и за континуирано учење и ги прифаќајќи ги идеите и разновидноста на другите.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  

[најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака за позицијата која аплицираат.

ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ АПЛИКАЦИИ ДО 18.11.2021 ГОД.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »