Магационери

За компанијата: Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден. Сервисот е едноставен за користење – процесот за купување и достава на нарачките е објаснет подолу: повеќе за компанијата »

Огласот е отворен до исполнување на позицијата.
Прашања и повеќе информации на [најави се за да го видиш е-маилот] или на 075 455 299

За позицијата

Paket.mk е онлајн супермаркет, кој воедно е и најбрзо растечката интернет продавница во Македонија.

Имаме потреба од оператори во дистрибутивниот центар кои ќе бидат задолжени за:

  • Примање на набавките, проверка и полнење на магацинот
  • Комплетирање на нарачките со собирање на производите (Picking) и пакување на нарачките (Packing)
  • Внимателно селектирање на овошје, зеленчук и други свежи производи
  • Предавање на нарачките на доставувачите

Работата ќе се одвива во Скопје – Кисела Вода (Пинтија) во две смени од понеделник до сабота, и тоа 1-ва смена од 7:00-15:00 часот од понеделник до петок, и втора смена од 15:00-21:00 часот од понеделник до сабота, односно 40 часа неделно распоредени во 5 или 6 дена.

Потребни вештини

  • Искуство во трговија, магацинско работење или производство
  • Снаодливост, брзина и способност за исполнување на сложени задачи во краток рок
  • Прецизност и чувство за детали

Би било одлично доколку

  • Имате претходно искуство во работа во некој супермаркет
  • Имате познавање на начинот на работа со свежо овошје и зеленчук
  • Имате претходно искуство во магацинско работење
  • Сте работеле со систем за управување со залиха и магацини

Поволности кои ги добиваш

  • Фиксен загарантиран надоместок со можности за бонус и унапредување
  • Месечна плата во износ од 18.500 до 25.000
  • Соодветни услови за работа
  • Континуирани интерни обуки за работа со современи системи за е-трговија

Аплицирај веднаш дитекно преку Кариера или со испраќање на CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »