За компанијата: Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.
повеќе за компанијата »ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО - ЖЕНСКИ ЛИЦА (10 операторки)
Одговорности
- Ракување со скалпери, извршување на производствени задачи во согласност со инструкциите и стандардите на компанијата;
- Следење на квалитетот на производот, со цел навремено да се идентификува, отфрли или спречи произведство на неисправни производи;
Барања, вештини и компетенции
- Завршено средно образование;
- Претходно искуство во производство ќе се смета за предност;
- Детално ориентиран и организиран во својата работа;
- Способност за следење на работни инструкции;
- Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност, независност, организираност и одговорност;
- Организациски вештини и компетенции: способност за планирање и организирање на работата.
Што нудиме:
- Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
- САМО ПРВА СМЕНА ОД 08:00-16:00 (Понеделник-Петок)
- Работа во седечка позиција
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ;
- Годишен регрес
- Минат труд
- Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
- Обезбедена исхрана во современа кантина;
Работно време од Понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
Доколку сте заинтересирани аплицирајте на [најави се за да го видиш е-маилот]
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати.
Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.
Слични огласи »