- Објавен на 5.2022
- ЈИ ХЕАЛТХ ГРОУП ДОО
- Активен до 27.05.2022
- Позиција: Маркетинг/ПР/Дигитал
- Локација: Скопје
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ И ПРОДАЖБА
ЈИ Хеалтх Гроуп ДОО
Компанија специјализирана за маркетинг, продажба и дистрибуција на производи за широка потрошувачка и официјален застапник за реномираниот бренд TummyTox на територијата на Р. Македонија и Р. Бугарија. TummyTox е брзорастечки бренд на производи за здравје, убавина, слабеење, подобрување на ефикасноста при вежбање итн. Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од проширување на нашиот тим со уште 1 работна позиција.
Потребно ни е одговорно лице за контакт и продажба, за територијата на Македонија и Бугарија.
Одговорности:
- Огромна посветеност за детално појаснување на клиентите околу намената, составот и потеклото на производите на клиенти од Р. Македонија и Р.Бугарија.
- Максимална вложеност за подобрување на продажбата преку каналите за комуникација на социјалните мрежи.
- Секојдневно процесирање на остварените продажби во нашиот софтверски систем.
- Секојдневна асистенција околу припремање на нарачките во Р. Македонија.
- Асистирање на колегите од маркетинг околу бугарски јазик.
- Желба за долгорочно постанување дел од нашиот тим и напредување.
Нудиме:
- Фиксна плата + процент од продажба и бонуси!
- Флексибилно работно време.
- По обуката, со започнување на работниот однос, 1 -3 часа во денот потребна е присутност во канцеларија за координација и асистенција ококу припрема на нарачките и маркетингот, останатиот дел од работното време се работи од дома.
- Платена обука 1-2 месеци пред старт во зависност од степенот на подготвеноста.
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование или факултет.
- Беспрекорно познавање на литературен македонски и бугарски јазик.
- Познавање на работа на компјутер.
- Добри комуникациски, презентациски и продажни вештини.
- Посветеност, систематичност, педантност, љубезност и учтивост, самоиницијативност.
- Способност за индивидуална, тимска и работа под притисок.