Плата од 27.500 ден.
Оператор на машина за правење етикети и фискални хартија
Колегијална и праведна фирма бара нов член на екипата,оператор на полуавтоматска машина за фискални ролни и етикети.
Што да очекувате?
- работно време од 8 до 16ч.
- секоја втора сабота работна.
- секој дополнителен час или дополнителен ден ќе биде исплатен соодветно
- ментор кој ќе ви помага додека не се научи потполно работата
- динамични услови
Придобивката од оваа работа е што погонот се служи со повеќе машини и работникот има простор цело време да напредува со знаење и нормално со плата.
Напомена: Работникот ќе работи во нови, климатизирани и пријатни простории во текот на целата година
Ние сме компанија која постои на пазарот од 2009 година и која произведува:
-Етикети
-Колор Етикети
-Фискална Хартија
-Хартиени чаши
Наши цели на кои нашата фирма се заснова и целите на кои секојдневно се стремиме се:
-Максимално задоволни вработени
-Максимално задоволни клиенти
-Долготрајни соработки
-Максимален квалитет на материјали и услуга
-Брзи испораки
Секој наш вработен и клиент се гледа со големо внимание со тоа што навистина настојуваме кон подолги и стабилни релации.