Офицер за реосигурување и актуарство

Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ - Виена Иншуренс Груп Скопје

Ние го цениме трудот на нашите колеги, нивниот начин на размислување и работа. Нашиот успех е резултат на многубројните идеи на нашите вработени.
Доколку мислиш дека можеш дапридонесеши бидеш дел од нашиот тим, а притоа ги имаш квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈ!

Винер Лајф Македонија е присутна на македонскиот пазар од 2010 година и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG)  која постои од 1824 година.

Со континуиран раст и развој, поради зголемен обем на работа, Винер Лајф има потреба од искусни и амбициозни личности кои заслужуваат да работат во најдобри услови со најдобри ресурси.

Како работодавец, Winner Life секогаш се стреми кон професионализам и квалитет, како на сегашните така и на идните соработници.

Квалификации:

  • BCC
  • Природно математички факултет – отсек математика,
  • Факултет за електротехника  и информациски технологии,
  • Машински или друг технички факултет
  • Факултет за осигурување
  • Одлични математички способности;
  • Способност за изнаоѓање логички и ефикасни решенија
  • Креирање логички алгоритми
  • Одлични организациски вештини;
  • Амбициозност;
  • Висока мотивираност;
  • Способност за тимска работа;
  • Активно познавање на работа со MS Office
  • Познавање на англиски јазик;
  • Работното место се однесува за Скопје.

Опис на работното место/одговорности:

  • Врши пресметки за целите на реосигурување и изработува  извештаи –за реосигурување
  • Подготовка на пресметки на бази на податоци
  • Дефинирање на пресметки со математички изрази и формулации
  • Останати активности на барање на овластениот актуар

Работната позиција е на определено време со можност за продолжување на неопределено време.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Офицер за реосигурување и актуарство“ на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 11.06.2021 година.

*НАПОМЕНА: 
Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.
Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »