За компанијата: На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички...
повеќе за компанијата »Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин. По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.
Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворени позиции за Вас.
DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:
Кандидатите треба да поседуваат претходно работно искуство од најмалку 3 години во реномиран СПА Центар, козметичко или студио за убавина, фитнес и боди-билдинг центар или Хотел, и да ги поседуваат следните квалификации и знаења:
- Масажа на лице и тело
- Релакс масажа
- Длабинска масажа
- Масажа со врели камења
- Козметички третмани за лице и тело
- Маникир и педикир
- Ладна депилација.
Работниот процес е организиран во две смени. Износот на платата е компетитивен согласно искуството на кандидатот, знаењето и квалификациите. Само кандидатите кои ги поседуваат наведените знаења и вештини ќе бидат поканети на интервју.
Доколку поседувате желба за понатамошно учење и развој, совесност, одговорност и самомотивираност, високо развиени интерперсонални вештини како и флексибилност кон работното време кога обврските го наложуваат тоа Ве покануваме да аплицирате на [најави се за да го видиш е-маилот] .