Оглас за проектен администратор бр. 102/2017

(преземи го огласот како PDF)

Здружението на бизнис жени (ЗБЖ / ABW) има потреба од ангажирање на проектни администратори (една слободна позиција), за работа на проекти во областа на женското претприемништво, со полно работно време за периодот јануари 2018 – април 2019 година.

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено високо образование
  • Најмалку 1 година искуство во работа на проекти во граѓански сектор
  • Солидно познавање на аспекти при имплементирањето на проектен циклус
  • Основни познавања за претприемништво, како и развиена родова свесност и сензитивност
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери
  • Одлично познавање на социјалните медиуми и работа на веб  страна
  • Одлични вештини во комуникација и работа со рокови
  • Способност за работа со луѓе од различно етничко, религиозно и културно потекло;
  • Професионална етика и развиено чувство на одговорност, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот.

Претходно работно искуство со проекти од ИПА програмата, развој на граѓанското општество или креирање и следење на политики ќе се смета за предност.

 

Избраните кандидати ќе треба да ги извршуваат следниве задачи:

  • Соработка со писмена и усна кореспонденција со различни чинители потребни за реализација на проектните активности
  • Реализирање на задачите и активностите за потребите на проектот
  • Креирање, ажурирање и соодветно архивирање на целокупната проектна документација, електронски и во печатена форма
  • Организација на средби и настани, и активно вклучување во истите
  • Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим
  • Редовно контактирање и известување за текот на проектната реализација
  • Промоција на проектот и проектните цели и активности
  • Давање препораки за подобрување на состојбите во областа на проектното делување.

 

Доколку сте заинтересирани и сакате да го имплементирате вашето знаење, ве молиме вашето CV да го доставите најдоцна до понеделник, 25ти декември 2017 година на [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »