Припрес оператор

За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. повеќе за компанијата »

Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.

Распишуваме оглас за работното место „Припрес оператор“.

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации.

Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување на 3, 6 или 12 месеци или на неопределено време.

 

Лични карактерискити на кандидатот:

  • Комуникативност;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Флексибилност, проактивност и лојалност;
  • Желба за докажување и напредок;
  • Способност за самостојна и тимска работа.

Професионални знаења и способности

  • Минимум две години искуство на иста или слична позиција;
  • Одлично познавање на:
    Adobe Illustrator, Photoshop, InDesign, Acrobat, CorelDraw, софтвер за импозиција на фајлови.

Опис на работно место:

  • Прием на клиенти кои имаат барање за печатење;
  • Прием на фајлови за печатење, нивна проверка и адаптација;
  • Дефинирање на барањата на клиентите и изработка на понуда во консултација со Раководителот на Секторот;
  • Информирање на клиентите за можностите на компанијата;
  • Информирање на клиентите за роковите за испорака.

Нудиме:

  • Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
  • Одлична работна атмосфера;
  • Можност за напредување доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
  • Можност за учење и стекнување нови вештини;

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]   со наслов: “за работна позиција припрес оператор”.

Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

Веб сајт: 

www.print.mk

www.polyesterday.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »