Оператор на машина за производство

За компанијата: Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони. повеќе за компанијата »

ОПЕРАТОР НА МАШИНА 

Одговорности

  • Ракување со сите релевантни машини, алати и опрема, извршување на производствени задачи во согласност со инструкциите и стандардите на компанијата;
  • Поставување и прилагодување на опремата согласно спецификациите за производство;
  • Следење на квалитетот на производот, со цел навремено  да се идентификува, отфрли или спречи произведство на неисправни производи;
  • Да ракува со производствените машини со бараната стапка на продуктивност

Барања, вештини и компетенции

  • Завршено средно техничко образование;
  • Претходно искуство во производство ќе се смета за предност;
  • Детално ориентиран и организиран во својата работа;
  • Способност за следење на работни инструкции;
  • Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност, независност, организираност и одговорност;
  • Организациски вештини и компетенции: способност за планирање и организирање на работата. 

Што нудиме:

  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ + пресметан минат труд;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;
  • Годишен регрес
  • Раст на платата два пати годишно
  • Работно време од Понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати.

Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »