Термалифт лого

ПРОДАЖЕН АГЕНТ

За компанијата: Термалифт ДД е компанија чија дејност е производство на уреди за кревање и пренесување. Тоа вклучува увоз, репарација и продажба на вилушкари и испорака и монтажа на лифтови на територијата на Република... повеќе за компанијата »

ТЕРМАЛИФТ, Водечка компанија во Македонија за продажба, изнајмување и сервис на нови и репарирани вилушкари и подвижни платформи. Резервни делови, Персонални и Товарни лифтови.

Има потреба да вработи:

ПРОДАЖЕН АГЕНТ

Опис на работно место: 

  • Да ги запознае купувачите со вистинскиот асортиман на производи, ценовната политика и сите услови на соработка и истите да ги презентира и продаде
  • Да понуди најдобра можна солуција за проблемот/инвестицијата на клиентот
  • Посети на клиенти
  • Изготвување посети
  • Создавање и одржување база  на потенцијални клиенти
  • За време на своите посети во целост да ги застапува интересите на компанијата и да допринесе за оддржување на имиџот на компанијата која е ориентирана кон купувачите
  • Континуирано учење на технички карактеристики на производите и иновации
  • Должен со својата работа да придобие што поголем број на купувачи 
  • Планирање и организирање на продажни активности / посети
  • Изготвување на прегледни и графички средени извештаи и нивно презентирање кај надредените
  • Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата
  • Развивање и одржување на односите со клиентите
  • Ја следи работата на конкуренцијата, известува и предлага активности.

Поставеност во организација: 
• Директно одговара на Комерцијалниот Менаџер

Познавања: 

  • Одлично познавање на Англиски јазик   (поради обуки во странство)
  • Одлично познавање на Microsoft Office  (Word, Excel, Power Point, Outlook
  • ERP и CRM системи

Потребно: 

  • Работно искуство на иста или слична позиција од минимум 1 година (продажба на индустриски машини или автомобили преферирано)
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Продажни способности
  • Одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
  • Претставителна и уредна личност
  • Флексибилност за работа на терен
  • Способност за тимска работа
  •  Возачка дозвола – Б категорија

Компанијата нуди

  • Стартна фиксна нето плата од 25.000 до 31.000 во зависност од покажаниот резултати.
  • Бонус плата за секоја продадена машина (Процент од секој продаден вилушкар/машина)
  • Шема за промоција и унапредување во компанијата
  • Обуки и тренинзи во областа која работи.
  • Сертифицирани обуки за продажба и маркетинг од TOYOTA Europe.
  • Модерни, Високо квалитетни услови за работа.
  • Платени патни трошкови.
  • Различен топол оброк секој ден
  • Годишни рекреативни семинари и забави организирани од комапнијата.

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации

СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ

Напомена:

  • Апликациите без назнака за кое работно место аплицираат НЕМА да бидат разгледани!
  • Компанијата се наоѓа во Куманово
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.30 до 16.30 часот, од понеделник до петок и секоја втора сабота од 8:30 до 15:00

 

Вашето CV испратете го на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »