Дипломиран воспитувач за деца од предучилишна возраст

За установата:

Центар за ран детски развој ДА ВИНЧИ КИДС е приватна установа за деца од предучилишна возраст (3 до 6 год.) лиценцирана од МТСП и работи на воспитување и едукација на деца според програмата за ран детски развој, при што во својот образовен концепт има вклучено и други пристапи и методи за работа, а првенствено е вклучена монтесори педагогијата.

Опис на работно место:

Воспитување и едукација на деца од предучилишна возраст по принципот на полудневен престој и комуникација со родители на дневно ниво и давање на информации поврзани со престојот на детето во центарот.

Квалификации:

  • Дипломиран воспитувач за деца од предучилишна возраст
  • Важечка лиценца за воспитувач од МТСП
  • Искуство од работа со деца од најмалку 1 година
  • Креативност и комуникациски вештини
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Диплома од посетен курс или обука по монтесори или NTC програма ќе се смета за предност

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способностите, со можност за продолжување.
  • САМО апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Работно време: 08:00-14:00 часот.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »