Професори/ки по странски јазици

За компанијата: ЕММА Едукација е модерен центар за странски јазици и преводи, којшто во изминативе 3 години, следејќи ги глобалните новитети и трендови нуди сертифицирани и специјализирани курсеви за бројни светски jазици,... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 8.2021
  • ЕММА Едукација
  • Активен до 04.09.2021
  • Позиција: Образовен/Спортски кадар
  • Локација: Скопје
  • Facebook: emmaedukacija

Центарот за едукација и преводи ЕММА Едукација има потреба од професори/ки по англиски, германски, француски и албански јазик.

Кандидатите треба:

  • да имаат завршено филолошки факултет;
  • да имаат претходно релевантно работно искуство (коешто ќе се смета за предност);
  • да умеат подеднакво добро да работат со деца и возрасни, индивидуално и во група;
  • да бидат проактивни и организирани, способни да работат со повеќе наставни програми истовремено;
  • да имаат одлични комуникациски и говорнички вештини;
  • да бидат вешти во работата со компјутери, задолжително познавање на Microsoft Office пакетот;
  • да бидат подготвени за индивидуална и тимска работа.

Нудиме:

  • одлични работни услови, можност за напредок и усовршување;
  • пријателска работна средина;
  • флексибилно работно време;
  • можност за доквалификации, посета на обуки и семинари.

Аплицирање:

Заинтересираните кандидати своите пријави (кратка биографија-CV и мотивациско писмо) може да ги достават по електронски пат на следнава е-мејл адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 10 септември 2021г.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »