СМАРТ МАНИ СОЛУШНС ДОО Скопје лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Финансиски Советник / Агент за продажба на осигурување

Успешна словенечка компанија со 29-годишна традиција на пазарот, која веќе 7 години успешно работи и бележи континуиран раст во Македонија, го проширува својот тим во Скопје и регионот. Компанијата е основана и предводена од Смилјан Мори — еден од најпознатите мотивациски говорници, бизнис коучиви и водечки експерти за осигурување на Балканот со речиси 30 години искуство во дејноста.

Поради проширување на нашиот тим, објавуваме оглас за позицијата: Агент / Финансиски советник за осигурување.

Услови и Бенефиции:

  • Обезбедени потенцијални клиенти (Лидови): Нашите агенти не започнуваат од нула! Добивате целосна поддршка преку пристап до развиена постоечка база и константен прилив на свежи, квалификувани лидови за работа.
  • Врвна менторска едукација: Комплетна и бесплатна обука за стекнување на лиценца за осигурување, заснована на докажаните продажни системи и долгогодишното искуство на Смилјан Мори.
  • Финансиски пакет: Фиксен дел од плата + висок процент од провизии и нелимитиран месечен/квартален бонус систем за секој склучен договор.
  • Флексибилност: Флексибилно работно време и сами ја организирате својата агенда (можност за работа во канцеларија и на терен).
  • Кариерен раст и награди: Можност за градење сопствен тим и менторство во рок од 12 месеци, како и тимбилдинг активности и патувања за најдобрите агенти.

Клучни задачи:

  • Анализа на потребите на клиентите и креирање персонални планови за животно осигурување.
  • Директна продажба, склучување договори и грижа за клиентите (со поддршка од нашиот систем за лидови).
  • Следење на пазарните трендови и редовно известување.

Потребни квалификации:

  • Минимално ССС (ВСП или ВСС ќе се смета за предност).
  • Претходно искуство во продажба, банкарство или комерцијала се смета за предност, но не е задолжително.
  • Возачка дозвола Б-категорија (активен возач).
  • Познавање на работа со компјутери (MS Office).
  • Силна желба за учење и развој во финансискиот сектор.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат директно преку копчето „Аплицирај“ на Кариера.мк најдоцна до 10.08.2026 . Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »