Персонал за продажба на електроника/техника

  • Објавен на 6.2021
  • V+O
  • Активен до 08.07.2021
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

В+О има потреба од персонал за продажба на електроника/техника во Скопје

Бараме кандидати кои се одговорни, срдечни и со развиени вештини за комуникација, отворени за работа во динамична и позитивна атмосфера.

Работни задачи:

  • Продажба на производи со цел остварување и надминување на зададените месечни таргети
  • Анализа и подобрување на продажбата со активно познавање на профилот на купувачите и конкуренцијата
  • Константно подобрување на производите за продажба, нивната местоположба во продавницата според однапред добиени инструкции и правила на продавницата
  • Имплементација на планот за поставеност на производите, материјалите за маркетинг на истите и неговите промени според зададени инструкции
  • Директна одговорност за состојбата и изгледот на продавницата
  • Дневна проверка на производите и цените според зададени инструкции. Проверка на достапноста на производите во продавницата и локалниот магацин. Навремени порачки на производите што недостасуваат во соработка со менаџерот на продавницата
  • Имплементација на маркетинг материјали според зададени рокови
  • Доставување на месечни и неделни извештаи до одговорното лице, за достигната продажба и работи поврзани со состојбата на производите во продавницата

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование, пожелно од IT или техничкиот сектор
  • Задолжително познавање на англиски јазик
  • Основно познавање на работа со MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Способност за учење, развивање и остварување на резултати
  • Познавање на албански јазик е пожелно

Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција, сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи и сакате да бидете дел од професионалниот тим на В+О, Ве молиме испратете ни го Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Рок за пријавување 05.07.2021.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »