Самостоен соработник за продажба

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Самостоен соработник за продажба во Оддел за индиректни канали на продажба

  • Врши координирање, следење и давање поддршка на индиректни канали;
  • Изготвува понуди и полиси за осигурување, потврда на полиси за индиректни канали на продажба;
  • Учествува во изготвување на Договори за соработка со Дирекција за правни работи, изготвува Анекси, Фактури и друга потребна документација, согласно внатрешни акти на Друштвото и Договорите за соработка склучени со Индиректните канали на продажба, како и други обврски за овој канал на продажба;
  • Постојано соработува со индиректните канали на продажба и служи како канал на комуникација со индиректните канали на продажба во врска со сите нивни барања за понуди за осигурување, техничка поддршка или било какви информации за кои индиректни канали ќе има потреба;
  • Изготвува извештаи за соработката со индиректни канали на неделна/месечна основа и ги доставува до директно претпоставениот;
  • Учествува во преговарање на специфични услови на полисите за осигурување со индиректни канали;
  • Ја следи обновата на осигурувањата и наплатата на премии од Индиректните канали на продажба;
  • Одговара за правилна примена на законските прописи, тарифи на премии и условите од страна на Индиректните канали на продажба;
  • Учествува и дава предлози при изготвување на условите на осигурување и тарифите на премии;
  • Постојано го следи портфолиото на индиректните канали и дава предлози за можност за подобрување и зголемување на истото;
  • Врши и други работи на барање на претпоставени.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо образование VII/1 степен;
  • Работно искуство на иста или слична работна позиција од најмалку 3 (три) години;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавањето на Турски или Албански јазик се смета за предност;
  • Напредно користење на MS Office (Word, Excel, Microsoft Outlook);
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Преземање на инцијатива и позитивен пристап кон работните обврски.

Бенефиции:

  • Приватно здравствено осигурување;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
  • Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Оглас за вработување на Самостоен соработник за продажба”.

Со доставувањето на вашата апликација, потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »