Продавач во малопродажба

За компанијата: PANDORA е основана во 1982 година со едноставна идеја: да ги славиме жените, нудејќи им прилика за лично изразување преку нашиот универзум на висококвалитетен и современ накит по достапни цени. Денеска... повеќе за компанијата »

СФ1 Клипс Дооел - ексклузивен увозник на реномираниот дански бренд на накит PANDORA распишува конкурс за работна позиција:

ПРОДАВАЧ ВО МАЛОПРОДАЖБА

Услови на кандидатите:

  • Комуникативна, доверлива и одговорна личност,
  • Минимално 1 година работно искуство во малопродажба,
  • Развиени вештини на продажба и ориентираност кон купувачите,
  • Насоченост кон остварување на зададени цели,
  • Изразена иницијатива и проактивен пристап во работата,
  • Развиени способности за ефикасно планирање и организирање,
  • Познавање работа на компјутер,
  • Активно познавање и користење на англиски јазик,
  • Добра организација на време,
  • Претходна работа со накит ќе се земе како предност.


Обврски:

  • Одржување највисоко ниво на услуга во секој момент,
  • Постигнување на зададени продажни цели,
  • Подршка на менаџментот во дневно oрганизациски работи,
  • Познавање и спроведување на потребни законски регулативи и водење на документација,
  • Усогласување на сите активности со правилата  на компанијата,
  • Изработка и анализа на извештаи во склад со барањата на компанијата,
  • Декорација на продажното место во склад со стандардите.


На вработените им нудиме:

  • Работа во динамично опружување
  • Можност за работа во смени
  • Усовршување во областите на продажба и декорација
  • Можност за вработување на неопределено време
  • Слободен ден за роденден

Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен и динамичен тим во новото продажно место на PANDORA во Скопје, пратете ја својата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Конкурс Скопје”. Иако ја цениме секоја апликација и ви благодариме за интересот за нашата компанија, само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »