Комерцијалист - Продажба

За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје:

Раководител на продажба и маркетинг

(преземи го огласот во Word)

ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас ЦО2 .Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција: Комерцијалист (Продажба)

Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност, професионален раст и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.   

Потребни квалификации:

  • Високо образование: Економски, машински или хемиски факултет (може и апсолвенти на истите)
  • Задолжително добро познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност),
  • Познавање на ексел, високо ниво
  • Пишување и одговарање на меилови, високо ниво
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации,
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач)

Работни обврски:

  • Секојдневна комуникација со клиенти (купувачи), онлајн преку различни медиуми
  • Планирање и организирање на продажни активности,
  • Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата,
  • Ориентираност кон клиенти,
  • Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти,
  • Прием на нарачки и следење на реализацијата на нарачката,
  • По потреба достава на нарачка
  • Изработка на потребна документација.
  • Поднесување документи до државни институции,

Вештини и способности:

  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини,
  • Професионалност и органиѕираност
  • Организациски и аналитички способности,
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати
  • Позитивен став, лојалност, транспарентност, и темелност
  • Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Динамичност, иницијативност и насоченост кон резултати,
  • Способност за работа во тим и самостојна работа

Компанијата нуди:

  • Атрактивни редовни месечни примања и додатоци на плата согласно важечки законски прописи во државата( висината на плата ќе зависи од предходното стекнато искуство во работа од областа во продажни системи)
  • Разновидна, интересна и динамична работа,
  • Можност за надоградба на професионален план,
  • Одлични услови за работа во тим.
  • Можност за соработка со европски и  интернационални клиенти и соработници
  • Работен однос на определено работно време по договор, од 1 до 3 месеци ( период на докажување на способности) со можност за продолжување.

Сите апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Испратете го Ваашето (CV) кратка биографија на:  d.markovski@geogas.mk

Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.

Напомена: Доколку не сте согласни со тоа, можете да ја повлечете во секое време согласноста за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »