HR и административен асистент

За компанијата: Division е маркетинг агенција со целосни услуги основана во 2001 година. Нашиот тим е поврзан со страст да им помага на клиентите да постигнат извонредни резултати користејќи интегрирани маркетинг стратегии... повеќе за компанијата »

Маркетинг агенцијата Дивисион го проширува својот тим и е во потрага по HR и административен асистент.

Опис на работно место:

  • Финансиско и материјално работење;
  • Комуникација со надворешно сметководство и надворешна правна служба;
  • Архивирање на документи;
  • Администрирање на софтвер на компанијата со нови податоци;
  • Пријава , одјава на вработени;
  • Учество во креирањето и спроведувањето на активности поврзани со регрутација и селекција, onboarding процеси, развој на персоналот, распоред на работно време и др.;
  • Планирање и организирање тренинзи и обука, целосна координација и евиденција околу истото;
  • Изготвување административни извештаи за потребите на сите сектори (отсуства, прекувремена работа, број на вработени, персонални трошоци и сл.);
  • Постојана координација и проверка на задолжителни обуки и прегледи за нововработени;
  • Комуникација со вработените, идентификување на нивните проблеми и поддршка во решавањето и развојот;
  • Водење на процедура за заштита на лични податоци.

Потребни квалификации:

  • Одлично познавање на англискиот јазик (зборување, пишување);
  • Одлично познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel;
  • Предност доколку има искуство финансии/сметководство;
  • Претходно работно искуство на слична позиција е предност;
  • Одлични комуникациски и организациски способности;
  • Проактивност, експедитивност и темелно завршување на работните задачи;
  • Способност за тимска работа во динамична средина.

Што нудиме:

  • Работа во динамична средина со современи технологии;
  • Работа во тим со поддршка и менторство од поискусни колеги;
  • Пријатна и безбедна работна средина;
  • Можност за надоградување и напредување во зависност од перформансите.

Рок за аплицирање: 31.03.2023

Сите заинтересирани кандидати може да испратат свое CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ДИВИСИОН ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »