Одговорно лице за Обезбедување на квалитет

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:

* Одговорно лице за Обезбедување на квалитет – 1 извршител

Нето плата: 61.000 денари

Потребни квалификации:

  • ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација, хемија, биологија);
  • Минимум 5 години соодветно работно искуство во полето на обезбедување на квалитет во фармацевтската индустрија (Quality Assurance) (искуството се смета за предност);
  • Способност за имплементација, следење и одржување на системот за обезбедување на квалитет, вклучувајќи: преглед на производни серии (пуштање на серија), контрола на документи, имплементација на стандардни оперативни постапки, годишни и квартални извештаи, изготвување на годишни прегледи за квалитет на фармацевтски производи, познавање на видови тестирања поврзани со квалитет на производ итн;
  • Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Многу добро познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.  

Работни задачи:

  • Управување со системот за квалитет (QMS), имплементација и одржување на документи во системот, вклучувајќи стандардни оперативни постапки, протоколи, упатства, записи, обрасци, прирачници, трансфери итн., нивно контролирање и следење;
  • Изготвување и спроведување на интерни проверки на квалитет со кои редовно се прави проценка на ефикасноста и апликативноста на Системот за обезбедување на квалитет во фармацевтската индустрија;
  • Соодветна имплементација на Процедурата за ослободување на серија лек во промет во согласност со Регулативата во Р.С. Македонија;
  • Спроведување, преглед и усогласеност на документацијата со  GMP, GLP и ICH водичите
  • Финален преглед пред пуштање на серија, вклучувајќи и преглед на производствени протоколи, аналитички и микробиолошки резултати од тестирања.
  • Упатство и советување за корективни и превентивни мерки, девијации и неусогласености, OOS, OOT, recall management, преглед и одобрување.
  • Спроведување на обуки од страна на QA тимот за нов и тековен персонал и нивна евалуација.
  • Имплементација и спроведување на програми за само инспекција.
  • Имплементација, одржување, надзор и подобрување на Квалитетот и системот за животна околина согласно GMP, ISO 9001 и ISO 14001;
  • Управување со процедурата за контрола на промени и одобрување на документацијата за валидација и квалификација.

При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и интервјуа.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копија од уверението за завршено образование, копија од сертификати и дипломи, да се достават лично на следната адреса:

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје

бул. Борис Трајковски бр.73 (Управна зграда ОХИС – Втора капија),

1000 Скопје

или

на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »