Внесувачи и транскрибирачи на податоци

За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

ОГЛАС ЗА ВНЕСУВАЧИ И ТРАНСКРИБИРАЧИ НА ПОДАТОЦИ

Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија. Ние нудиме консултантски услуги засновани на истражување во сите дисциплини, работиме во партнерство со клиенти, поставуваме остварливи цели, развиваме отворена комуникација и нудиме интерпретација, увид и совет. Имаме мрежа од 250 професионални и искусни анкетари, супервизори и координатори од сите региони на земјата. Тимот на Агенцијата се состои од експерти кои работат според светските трендови во истражувачката и комуникациската индустрија.

Поради зголемен обем на работа, агенција Рејтинг има потреба од внесувачи и транскрибирачи.
Кандидатите потребно е да поседуваат:

Задолжителни квалификации:

  • Познавање на работа со компјутери и основни канцелариски апликации (MS Office)
  • Способност за прецизно, внимателно и брзо работење со компјутер
  • Искуство во транскрипција и внесување податоци е пожелно, но не е задолжително
  • Способност за работа под притисок во динамична средина

Обврски и одговорности:

  • Прецизен внес на податоци во бази на податоци/специјализирани програми (во овој случај IBM SPSS Statistics - софтвер за статистичка анализа кој се користи за обработка на податоци)
  • Транскрипција на аудио и видео материјали од различен тип на истражувања
  • Обезбедување на точност и квалитет на внесените податоци

Нудиме:

  • Работно време по договор – кандидатите ќе бидат контактирани кога ќе има потреба да дојдат во нашите канцеларии за да ги извршат задачите
  • Обука за внес и транскрипција од страна на нашите вработени
  • Просторија во која ги има сите услови за удобно извршување на задачите, со потребните технички ресурси и поддршка од тимот
  • Можност за професионален развој
  • Работна средина со тимски дух
  • Конкурентна исплата за извршената работа

За пријавување, заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија на е-маил адресата: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »