Флекс Кредит лого

Специјалист за теренска наплата на долгови

За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки... повеќе за компанијата »

Флекс Кредит како финансиско друштво е водечки играч во делот на брзи кредити во Романија, Бугарија  и  Македонија. Нашата компанија спроведува политика на иновации и верува дека личниот развој е најважен. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавец за сите оние кои се потрага по нив предизвик.

Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби ,процеси и активности на Флекс Кредит на територијата на Северна Македонија, објавуваме оглас за работна позиција:  

Специјалист за теренска наплата на долгови

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став кон реализирање на своите цели.

Специјалистот за теренска наплата на долгови е одговорен за развој на мрежа за теренска наплата/ тим на агенти за наплата / управува со спроведувањето на обезбеденото портфолио на заеми на ниво на целата територија на Р.Северна Македонија.

Опис на работни задачи:

  • Регрутира, обучува и управува со тим на агенти за теренска наплата
  • Поставува цели, контролира и ги координира активностите на тимот;
  • Ги следи и пренесува информациите до агентите за теренска наплата во врска со промените во постапките за наплата на Друштвото;
  • Ги контролира сите случаи на клиенти во доцнење на ниво на цела држава,
  • Одговорен за подобрување на наплатата на терен
  • Известува за својата активност согласно тековната постапка за наплата на терен во компанијата;
  • Дава навремена повратна информација до неговиот директен претпоставен во врска со неправилности настанати во регионот.
  • Работи со специјализиран софтвер, следејќи го правилното внесување на податоците во него;
  • Врши и други тековни задачи, кои му се доделуваат од директорот и се поврзани со неговата активност;
  • Активно учествува во програми за обука спроведена од компанијата.

 Основни квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува:

  • Завршено Високо образованио од областа на економијата.
  • Поседува компјутерска писменост (MS Office)
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Поседува возачка дозвола Б категорија

Вештини и способности:

  • Организациски вештини;
  • Ориентираност кон клиенти;
  • Справување со конфликтни ситуации;
  • Флексибилен пристап.
  • Аналитички вештини
  • Лојален и исполнителен
  • Човечност и доверливот

Ние нудиме:

  • Работно време понеделник до петок 09.00-17.00 часот
  • Атрактивен пакет на бонуси;
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Дополнитлна  обука и тренинг
  • Динамична атмосфера во брзорастечка компанија

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »