Заменик раководител на Сектор

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

Активни огласи од НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје:

Техничар во производство- екстракција

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:

* Заменик раководител на Сектор Контрола на квалитет – 1 извршител

Нето плата: 42.000 денари

Потребни квалификации:

  • ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација/хемија);
  • Минимум 2 години соодветно работно искуство во полето на контрола на квалитет на суровини, фазно производство, готови фармацевтски форми, примарна и секундарна амбалажа.
  • Познавање на инструментални анализи и сепаративни техники-хроматографија
  • Способност за имплементација, следење и одржување на системот за контрола на квалитет, вклучувајќи: преглед на документација поврзана со системот, контрола на документи, имплементација на стандардни оперативни постапки, годишни и квартални извештаи, изготвување на годишни прегледи за квалитет на фармацевтски производи согласно резултатите од произведените серии, познавање на сите видови тестирања поврзани со квалитетот на производот итн;
  • Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Многу добро познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.

Работни задачи:

  • Следење на системот за контрола на квалитет во аналитичка лабораторија преку имплементација и одржување на документи во системот, вклучувајќи стандардни оперативни постапки, протоколи, упатства, записи, обрасци, прирачници, трансфери итн., нивно контролирање и следење;
  • Мониторинг и контрола на суровини, примарна и секундарна амбалажа, фазно производство и готови фармацевтски производи, следење на микробиолошки тестирања, стабилност на фармацевтски производи/развојни серии, валидациони активности и мониторинг како и регистрациони активности.
  • Спроведување, преглед и усогласеност на документацијата со  GLP и ICH водичите како и владеење на документација поврзана со стандард ISO 17025 за лаборатории за тестирање.
  • Следење и познавање на инструментални анализи, сепаративни техники-хроматографија како и узорцирање, припрема и анализа на примероци за тестирање согласно аналитички методи и спецификации за квалитет.
  • Спроведување на валидација на аналитички методи, следење на валидациони протоколи, валидација на чистење, OOS и евалуација на резултати согласно GLP и ICH водичите.
  • Финален преглед пред ослободување на серија, вклучувајќи и преглед на аналитички и микробиолошки резултати од тестирања.
  • Имплементација, одржување, надзор и подобрување на Квалитетот и системот за лабораторија за тестирање согласно ISO 17025.

При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и интервјуа.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копија од уверението за завршено образование, копија од сертификати и дипломи, да се достават лично на следната адреса:

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје

бул. Борис Трајковски бр.73 (Управна зграда ОХИС – Втора капија),

1000 Скопје

или

на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »