Брокер за станбен простор

  • Објавен на 11.2017
  • ФОРТОН МКА ДОО
  • Активен до 05.12.2017
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3101-000

ФОРТОН Македонија е водечка компанија во секторот на комерцијален недвижен имот, формирана како член на алијансата на Cushman & Wakefield (најголема светска приватна консултантска компанија во секторот на комерцијални недвижнини).

ФОРТОН Македонија за потребите на секојдневното-оперативно работење и зголемен интензитет на активности, го проширува својот тим. За таа цел отвара нова работна позиција:

 

Брокер за станбен простор, со долунаведените спецификации.

 

Базични информации:

  • Работно време: 8 часа/дневно (Понеделник-петок),
  • Бруто почетна плата: 46.000,00  ден.

 

Потребни квалификации, поврзани со активностите на позицијата:

  • Одлично познавање на работа со компјутери и MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, Power Point и др.),
  • Задолжително познавање на англиски јазик,
  • Организациски и аналитички способности при креирање на извештаи,
  • Подготвување и советување на клиенти ( за цени, услови, посети и тн.),
  • Директно водење на преговори во процесот на продажба на станбен простор,
  • Заедно со тимот за истражување, следење на актуелни конкурентски проекти,
  • Заедно со тимот за продажба, водење на пред – продажни активности ( дефинирање услуги, лоцирање и контактирање на потенцијални клиенти, составување понуди, преговарање на договори и тн.),
  • Анализа, сортирање и процесирање на информации.

 

Личен профил:

  • Одлични комуникациски и презентациски способности,
  • Мотивација за работа со посредување при трансакции со станбен простор,
  • Изразено практикување на деловна етика,
  • Искуство во продажба ќе се смета за предност.

 

Потребна документација за аплицирање:

  • Ваша професионална биографија (CV на македонски и англиски јазик).

 

Финален временски рок за поднесување на апликацијата:

 

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »