ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Прима Мебел ДОО:

Специјалист за корисничка поддршка

(преземи го огласот како слика)

                                                                

                                                             ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ


 
Потребни квалификации:

- Најмалку 4 години работно искуство во сметководство и финасии;
- Уверение за Овластен сметководител;
- Одлично познавање на финансиско и материјално сметководствено работење;
- Способност за самостојно водење на комплетно сметководство;
- Одлично познавање на MS Office и сметководствени програми ; 
- Организациски и комуникациски вештини и способност за одредување приоритет;
- Аналитички вештини и способност за ефективно решавање на проблеми;
- Ориентираност на детали со силно акцентирање на Точноста и Конзистентноста;
- Позитивен пристап, љубезност и учтивост.


 Одговорности и задачи:

- Сметководствено евидентирање и контрола на влезни и излезни документи;
- Евидентирање на денарски и девизни изводи;
- Подготовка и евидентирање на компензации и цесии;
- Сложување на аналитички картици со комитенти;
- Анализа на бруто биланси;
- Исплата на плата, патни трошоци, боледувања;
- Доставување на сите потребни поднесоци и извештаи до УЈП, ЦРМ, НБРМ и други институции;
- Подготовка на Е-ПДД и сметководствено евидентирање на пресметките по основ на договори;
- Изработка на завршна сметкa;
- Се грижи за точноста на прегледот на основните средства и ситниот инвентар (ревалоризација и амортизација);
- Изготвува пресметка на данокот за додадена вредност согласно ЗДДВ;
- Комуникација со клиенти и државни институции;
- Водење грижа и контролинг за навремено и точно водење на Благајна.

 

Нудиме:

- Опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Систем на наградување на успешните вработени;
- Плата 45 000 денари;
- Пријателска работна атмосфера;
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација.

 

Доколку соодвествувате со опишаниот профил за работната позиција и ги исполнувате сите (или поголемиот дел) од горенаведените точки Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Овластен сметководител.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »