Електромашински инженер

  • Објавен пред една недела
  • Млекара Тетово
  • Активен до 05.06.2020
  • Позиција: Инженер
  • Локација: Тетово

Активни огласи од Млекара Тетово:

Прехранбен технолог

Млекара Тетово е една од најсовремените фабрики за производство за млечни производи во Македонија. Со висок степен на автоматизација, и строго контролирани процесни услови нашиот производен процес и стандардизирани оперативни процедури имаат вградено повеќеслојни механизми на контрола со цел крајниот производ да го понуди најдобриот квалитет во Македонија и пошироко.

Поради зголемениот обем на работа бараме електромеханички инженер со искуство во прехрамбената индустрија. Како инженер вашите должности ќе вклучуваат планирање и дизајнирање на производни процеси во млечната индустрија, одржување на опремата и советување на менаџментот во врска со оперативните процеси во компанијата. Секојдневните задачи ќе вклучуваат:

  • Дизајнирање на процеси, оптимизирање на процесни спецификации, планирање на развој на производните капацитети;
  • Тестирање и евалуација на производните процеси, вклучувајки и техничка анализа, и предлагање на нови и/или подобрени методи на производство на нови продукти или веќе постоечки производни процеси;
  • Техничка подршка за составување на производни линии;
  • Одржување на опремата и цевководниот систем;
  • Контрола на перформанси на машините во употреба;
  • Менаџирање со персонал за оддржување на опрема и контрола на производство;

Идеалните кандидати кои ги бараме за ова работно место имаат соодветна едукација, одлични познавања на англискиот јазик и најмалку двегодишно работно искуство. За оваа работна позиција исто така бараме познавања од практична примена на инженерски концепти и технологии, што вклучува искуство со аналитички и CAD софтвер, техники на дизајн и моделирање, и принципи на производство на технички модели. За да аплицирате пратете го вашето CV на sonja.uzevski@mlekaratetovo.mk благовремено ќе ве известиме дали ќе бидете поканети на интервју.

КЛИКНИ