ИТ Специјалист во оддел за апликативен софтвер

За компанијата: Штедилница Можности е финансиска институција која постои повеќе од 22 години на финансискиот пазар во Република Северна Македонија, додека почетоците на микро кредитирањето преку Можности датираат од 1996 година. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

 

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. 

Штедилница Можности вработува:

Дата база администратор во оддел за апликативен софтвер, во сектор ИТ

 

Работни задачи:

  • Администрација на бази на податоци и анализа на податоци во база,
  • Анализа на функционалности на банкарската апликација,
  • Изработка на различни извештаи и прегледи од базата на податоци, а во врска со работењето на штедилницата,
  • Корисничка поддршка за работење со софтверски продукти,
  • Комуникацијата со развивачот на софтверот за примени барања од корисници,
  • Го следи развојот на сите барањата за промени во банкарската апликација,
  • Креирање и ажурирање на техичките упатства за корисниците за употреба на апликативните решенија.
  • Водење на соодветна документација од делокругот на работењето,
  • Спроведување на примени барања од корисници,
  • Постојана комуникација со корисниците и развивачот на софтверот.

Дата база администраторот, заедно со остантите членови на тимот во ИТ сектор ќе учествува во:

  • Креирањето и имплементацијата на политиките и процедурите за воведување на софтверски решенија, и
  • Корисничка поддршка за работење со софтверски продукти.

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Соодветно познавање на SQL, PL/SQL, и познавање на Oracle DB (основно или друго ниво)
  • Високо образование и/или средно образование со соодветно работно искуство.
  • Самоиницијативност и способност за тимска работа.
  • Добри комуникациски способности.
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.

 

            Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот] ,

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

 

Кандидатите што ќе аплицираат, а исполнуваат критериуми од овој Оглас, ќе бидат поканети на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »