
За компанијата: Нашата компанија КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата...
повеќе за компанијата »ОГЛАС за вработување на 1 лице – IT Specialist.
Компанијата за проектирање и изведба на фотоволтаични централи и системи
КМГ ЕОЛ КВАЗАР - Скопје има потреба од вработување на еден IT Specialist.
ЗA НАС:
КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата на електрична енергија, помагаат и во заштитата на животната средина во борбата со климатските промени.
ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:
- Одржување на веб-страна.
- Инсталирање, конфигурирање, тестирање и одржување на оперативни системи, апликативен софтвер и алатки за управување со системот;
- Обезбедување на највисоки нивоа на достапност на системи и инфраструктура;
- Одржување на постоечката локална ИТ инфраструктура како што се компјутери, принтери, сервери, софтвер, мрежни услуги и друг инвентар
- Оптимизирање на перформанси на сервери како и развој на процедури и планови за миграција на понови технологии.
- Следење и воведување на нови производи и услуги од информатичката област.
- Планирање и развој на disaster-recovery решенија и извршување на backup задачи.
- Креирање на нови корисници во системот и доделување и ажурирање на безбедносен пристап на системот
- Обезбедување на поддршка за корисниците, разрешување на проблеми кои би можеле да произлезат во текот на работата и нудење совети за правилна употреба на хардверот и софтверот
- Способен да проценува, да дава приоритет и да организира задачи самостојно
- Комуникација на англиски јазик (пишување, зборување, разбирање)
- Соработка со добавувачи и комуникација со клиенти
КВАЛИФИКАЦИИ:
- Одлично познавање на Windows системи ( XP, 7, 10) и Windows Server 2016
- Одлично познавање на Microsoft Office апликации
- Завршено високо образование во ИТ од областа на компјутерските технологии или академија од истата област
- Претходно работно искуство со компјутерски системи, мрежи или комуникации ќе се смета за предност
- Познавање на Adobe апликации ќе се смета за предност
- Познавање на CPannel ќе се смета за предност
- Познавање на Wordpress ќе се смета за предност
- Познавање на MSSQL ќе се смета за предност
- Возачка Б категорија ќе се смета за предност
ЛИЧНИ СПОСОБНОСТИ:
- Комуникативност
- Аналитички, комуникациски и организациски способности
- Ефективност и ефикасност
- Флексибилност и адаптибилност
- Посветеност, мотивираност, иницијативност
- Подготвеност за учење и личен развој
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното работно искуство, квалификации и вештини за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете го вашето CV на “ [најави се за да го видиш е-маилот] ”, со задолжителна назнака: “Апликација за IT Specialist”.