Продажни лица

За компанијата: Брендот Божиновски часовници и накит веќе 25 години е синоним за успех и квалитет обединувајќи ги луксузот, убавото живеење, стилот и луѓето преку искуства кои инспирираат. Компанијата Божиновски часовници... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Во потрага сме по нови продажни лица за проширување на нашиот тим!

Твоите вештини ќе бидат прекрасно надополнување на нашиот стручен продажен тим.

Како продажно лице во нашата компанија секојдневно ќе бидеш во контакт со прекрасниот свет на часовници и накит, длабоко ќе навлезеш во новитетите, карактеристиките и дизајнот на безвременските парчиња на Omega, TAG Heuer, Breitling, Longines, Hamilton, Tissot, Calvin Klein, Swatch. Ќе имаш можност да се запознаеш со Швајцарските стандарди на квалитет од светот на луксузот, да стекнеш знаење и да го искористиш тоа знаење при продажбата на нашите производи.

За позицијата

Додека работиш во нашите продажни места ќе треба да бидеш точен/на, педантен/на, прецизен/на, ќе треба да ги користиш своите продажни вештини и знаења за производот и да го продаваш со љубов. Од тебе ќе се бара на секој клиент да му приоѓаш со максимално внимание и разбирање и да наоѓаш решенија за неговите потреби.

Зошто Божиновски?

Нашата компанија работи со Швајцарски брендови за часовници и Италијански брендови на накит. Швајцарскиот квалитет е столб на нашата работа. Се трудиме да го одржиме и имплементираме во сите области на дејствување. И во продажба и во маркетинг.

Задоволство ни е да им служиме на нашите клиенти и да наоѓаме креативни решенија за нивните побарувања.

Во нашиот тим владее атмосфера на взаемно помагање и разбирање и здрава компетитивност.

• Ние нудиме слободоумна и исклучително креативна корпоративна култура дефинирана со отворена комуникација и фер повратни информации;

• Конкурентна плата за да одговара на вашиот талент. Платата се заснова на вашето лично искуство и вештини.

Во моментот на новата реалност...

  • Продолжуваме да работиме целосно посветени, 100% мотивирани.
  • Нашите вработени беа и се максимално заштитени и обезбедени во настанатите услови на пандемија.
  • Се трудиме постојано да внесуваме новини во работењето и напредокот на нашите вработени. Со тоа имаме можност да чекориме назапирливо напред.
  • Работиме заедно! Сите наши одделенија се отворени за предлози и сугестии од сите вработени....Бидете отворени и кажете ги вашите идеи за поуспешно и полесно работење.
  • Во моментот иако на дистанца...поблиски сме од секогаш.
  • Стабилна работа и можност за раст и твој напредок. Ги вреднуваме нашите луѓе и сакаме да растат со нас.
  • Откако ќе ни се приклучиш ќе имаш можност да работиш со професионалци, некогаш на предизвикувачки задачи...се зависи од тебе, твојата иницијатива и посветеност.

ОГЛАСОТ Е ЗА СКОПЈЕ И ЗА БИТОЛА.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »