Референт за набавка

За компанијата: Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Офис Плус ДООЕЛ:

Продавач - Книжарница АЛБИ ЦЕНТАР - Продажен референт

Офис Плус, Водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема, 

 

Има потреба да вработи:

 

Сега имате одлична можност да бидете

 

РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА

 

Одговорности и задачи:

  • Следење на состојба на залихи,
  • Набавки, остварување на нови и одржување на контакти со постојани добавувачи итн.
  • Преговарање за цени со добавувачи,
  • Логистика – проценка на потребите за набавка  во зависност од програмите за прoдажба и залихите, изготвување на нарачки во соодветни програми,
  • Обезбедување на сертификати за производи
  • Познавање на соодветните закони

Потребни квалификации:

  •  ВСС  ( Економски факултет или пред завршување на истиот) 
  • Предност е претходно работно искуство на соодветна позиција но не и неопходно
  • Напредно ниво на познаење на работа на компјутер (Ms Office, Internet)
  • Одлично познавање на англискиот јазик, особено деловната комуникација. Познавање на друг светски јазик ќе се смета за предност.
  • Возачка дозвола Б-категорија – активен возач

Профил на личност:

  • Одлични аналитички способности
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Организираност, одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
  • Самоиницијативност при извршување на работните задачи
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок

Испратете ваша биографија (CV) и мотивационо писмо, на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот]  , со назнака „Референт за набавки”

 

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место „Референт за набавки“. 

Огласот е отворен 7 (седум) дена.

Само одреден број на селектирани кандидати ќе бидат известени и повикани на тестирање и разговор.

 

Со испраќањето на вашето CV дозволувате истото да се чува и за намена вработување на исти и слични работни позиции.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »