За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: Фармацевтски техничар со уверение во Скопје.
Потребни квалификации:
- ССС – Фармацевтски техничар
- Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност
- Работа со компјутери и одлично познавање на MC Office
Посакувани карактеристики:
- Способност за брзо учење,
- Развиени комуникациски вештини,
- Стручност и елоквентост,
- Диманичност и креативност,
- Организираност, самоиницијативност.
Што нудиме:
- БОНУС ЗА ДОБРЕДОЈДЕ 35 000 ДЕНАРИ,
- Солидна плата по договор,
- Стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата,
- Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“,
- Бенефити за вработени,
- Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет",
- Програма за кариерен развој,
- Учество на различни настани: саеми, конференци и обуки,
- Можност за професионален развој и надоградба.
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, и поседувате професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Фармацевтски техничар со уверение - Скопје на [најави се за да го видиш е-маилот] или јавете се за повеќе информации на 071 310 272 или 071 388 058.
Поврзани огласи »