Персонал за ресторан

  • Објавен пред 2 месеци
  • KAN International
  • Активен до 19.05.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот како PDF)

Стани и ти дел од Семејството на КФЦ! Нашето КФЦ Семејство е гордо на нашите висококвалитетни стандарди, инспирирано гостопримство и служење на клиентите со светски познатото пилешко! Ние ги цениме луѓето- не само нашите клиенти- ние ги цениме и нашите вработени и знаеме дека тие се лицето на нашата компанија.

Како дел од КФЦ Семејството, ќе бидете дел од тимот што ќе помине темелна обука и можости за учење кои ќе ви помогнат да напредувате и растете заедно со компанијата.

 

Поради отворање на нов ресторан, бараме

Работници во ресторан      

Работно време: полно и скратено 

Локација: Скопје

Потребни квалификации

  • Треба да имате над 18 години и да имате завршено средно образование;
  • Да имате развиени комуникациски вештини и способности за разговор со широк спектар на луѓе / клиенти, на локален јазик, како и на англиски јазик;
  • Да поседувате амбиција, мотивација и иницијатива;
  • Основни комјутерски вештини и работно искуство ќе се сметаат за плус!

Одговорности:

  • Подготовка на нашите познати пилешки специјалитети, сендвичи и други оброци;
  • Одржување на хигиената при подготовка на храна, местата за чување на храна и хигиена во ресторанот;
  • Контрола и правилна подготовка на нашиот познат пилешки рецепт и другите производи до финална испорака на производот до нашите клиенти, согласно стандардите и квалитетот на KFC;
  • Поздравување и комуникација со клиентите на пријатен и пријателски начин;
  • Превземање, пакување и сервирање на нарачки;
  • Почитување на барањата на клиентите и/или обраќање на професионален начин;
  • Придржување до сите упатства од KFC за здрава, безбедна и квалитетна храна.

Доколку сте заинтересирани за нов предизвик, испратете ни го вашето CV на info@kfc-mk.com.

КЛИКНИ