Во рамки на ЕУ проектот ИноПлатформа, Центарот за Управување со Знаење организира информативен ден -работилница на 26-ти јуни во среда.
Целта на работилницата е тројна:
1. Да ја подигне свеста за потребата од иновации кај малите и средни претпријатија во Македонија,
2. Да ги презентира профилите на иноватори во земјата и во регионот, нивните практики и перформанси,
3. Да ги зајакне знаењето и вештините на сопствениците и менаџерите, и консултантите за успешно воведување на иновации во претпријатијата преку користењето на пет ИноАлатки развиени во рамки на проектот: ИноМодел, ИноСтратегија, ИноПартнери, ИноФинансии и ИноПроект.
Инфоденот ќе се оддржи во Скопје, на 26-ти јуни 2019 во големата сала за состаноци на Центарот за Управување со Знаење на први кат од зградата на Осигурување Македонија. - 11 Октомври 25, Скопје.
Вашето учество можете да го регистрирате на следниов линк. На истиот линк можете да ја погледнете и АГЕНДАТА за настанот. http://www.innoplatform.eu/index.php/en/innoregion/public-events/public-events-fyrom/29-third-infoday-on-innotools-4
Не се плаќа котизација за учество. На настанот се обезбедени кафе паузи и ручек. Работилницата ќе опфати 25 учесници и во исто време ќе биде и емитувана во живо на Фејсбук каналот на проектот ИноПлатформа. Работилницата е на македонски јазик.
Ќе ни биде големо задоволство повторно да Ве видиме.
Контакт: +38970606060
office mob: +389 78 30 15 40
email: [најави се за да го видиш е-маилот]