Воспитувач

Приватната детска градинка “МАЛИОТ ПРИНЦ” објавува оглас за Воспитувач.

За таа цел имаме потреба од мотивиран и креативен член на тимот кој ќе биде одговорен за подготовка и спроведување на програмата за воспитание и едукација на деца на предучилишна возраст.

Потребни квалификации:

  • Дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст или дипломиран педагог за предучилишно воспитание - со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен или со завршено соодветно вишо образование за воспитувач;
  • Важечка лиценца за воспитувач (да се нагласи во CV);
  • Минимум 1 година работно искуство во формално или неформално воспитание на деца на предучилишна возраст;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со MS Office (Word, Excel, Power Point), интернет алатки Google Drive, Outlook и сл.;

Вештини и способности:

  • Способност за планирање, организирање и извршување на задачи;
  • Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини;
  • Професионален и позитивен однос;

Што нудиме:

  • Позитивна и динамична работна средина каде проактивноста е секојдневие;
  • Професионален развој, учество на обуки и семинари;
  • Компетитивен надоместок во зависност од искуството на кандидатот;

Дополнителни информации поврзани со работниот ангажман:

  • Работно време на оваа позиција е 8 часа, од понеделник до петок
  • Локацијата на извршување на работниот ангажман е населба Козле, Скопје

Испратете го Вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со наслов Апликација за воспитувач.

Краен рок за аплицирање: 18.04.2022

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »