
За компанијата: Компанијата Аполло е брзорастечка компанија која се занимава со големопродажба и малопродажна, воедно и е дел од меѓународната компанија Аполло. Во своја сопственост ги има малопродажната продавница Бејби...
повеќе за компанијата »Раководител на набавки
Доколку сте позитивна, иновативна личност, насочена кон напредок, со искуство во областа набавки, управување со големопродажба, доколку сте организирани и одговорни, Вие сте вистинската личност за нашиот тим.
Опис на работно место:
- Изработка на планови за набавки на асортиман на бренд производи
- Одговорен е за целата документација за набавка, понуди и спецификации и нејзината точност
- Активно учество во преговарање и договарање со добавувачи
- Ги координира добавувачите кај кои е извршена порачката и истата ја следи до нејзината реализација
- Организира дистрибуција на стоката
- Организира транспорт на стоки за потребите на компанијата и купувачите
Квалификации:
- Минимум 3 години работно искуство во областа набавки/продажба/администрација
- Конкретни искуства од области поврзани со опис на работно место
- Стремеж кон постигнување цели, мотивираност, одговорност и професионален пристап
- Комуникативност, став, колегијалност
- Иновативност, брзина, точност, прилагодливост, достапност, снаодливост
Нудиме:
- Вработување на одредено, а потоа и на неодредено време
- Работа во млад и креативен тим во пријатно и динамично опкружување
- Интерактивно работно место со многу можности за напредување и изразување на сопствениот став
- Редовни и мотивирачки месечни примања
Работното место е во компанијата која е со седиште во Скопје, а својата пријава за вработување испратете ја на македонски и англиски јазик, најдоцна до 10.10.2023 на email: [најави се за да го видиш е-маилот] .