Комерцијалист за набавка на здрава храна

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Комерцијалист за набавка на здрава храна

Посакувани карактеристики:

  • Универзитетско образование
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office
  • Прецизно и точно управување со информации, податоци, документи
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за ефикасно работење во динамична атмосфера
  • Високо развиени аналитични способности
  • Возачка дозвола Б категорија

Обврски и одговорности:

  • Комуникација и преговарање со добавувачите за производите во земјата и странство
  • Следење и воведување на домашни и странски нови производи согласно законската регулатива
  • Следење на пазарот на органска и здрава храна, анализа и селекција на производите согласно потребите на компанијата
  • Истражување и анализа на пазарот за здрава храна со цел одредување на вредноста и квалитетот на истите
  • Организација и спроведување на активности во процесот на набавка на производи и следење на залиха на истите
  • Одржување на обуки, координација и посета во малопродажба во делот на здрава и органска храна
  • Изработка на план за акција и промоција на нови и постоечки производи
  • Изготвување на месечни и годишни планови за продажба
  • Сертификација на органски производи
  • Посета на саеми во земјата и странство

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
  • Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)

Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Комерцијалист за набавка на здрава храна на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »