АСИСТЕНТ ЗА МАРКЕТИНГ И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

За компанијата: Издавачки центар ТРИ е основан на 23 ноември 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметнува како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради својата ориентација... повеќе за компанијата »

Издавачки центар ТРИ ДООЕЛ Скопје вработува

АСИСТЕНТ ЗА МАРКЕТИНГ И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

Повик до сите маркетинг ентузијасти и професионалци – бараме дополнување на нашиот тим кој ќе работи неуморно на промоција и комуникација на сите активности на Издавачкиот центар ТРИ. Идеална позиција за секој што за своја пасија ги смета и маркетингот и читањето, а поседува напредни вештини за маркетинг, комуникацијата и организирање на настани.  

Позицијата вклучува: креирање на стратегии за маркетинг и комуникација, однос со клиенти и соработници, реализирање на кампањи и организирање на промоции и презентации. Потребни се одлични организациски способности, способност за планирање, реализација и изработување на извештаи за кампањи, активност на социјални медиуми, анализа, напредни комуникациски вештини, способност за работа во тим, работа со рокови, внимавање на детали.

Основни квалификации

  • Завршено високо образование
  • Најмалку три години работно искуство на исти или слични работни места
  • Искуство во водење на проекти кои вклучуваат различни комуникациски канали
  • Искуство во организирање на настани
  • Познавање на медиумите и нивната работа
  • Одлични способности за писмено изразување
  • Одлични презентациски вештини, елоквентност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за аналитичко размислување и расудување, следење трендови
  • Напредно ниво на користење на MS Office, Internet
  • Подготвеност за тимска и самостојна работа

Опис на работата

  • Креирање, реализација и мерење на учинок на маркетинг кампањи
  • Одржување на контакт со медиуми и навремена комуникација на сите активности на компанијата
  • Поддршка на каналот на директна продажба
  • Менаџирање на страните на социјалните мрежи и нивен постојан развој
  • Соработка со уредничкиот тим и тимот за продажба за креирање на планови за маркетинг
  • Одржување и развој на блог-канал за комуникација на одредени проекти
  • Развој на стратегија за комуникација на содржина преку вебсајт, апликации, имејл, блог и останати канали
  • Организирање на настани – промоции на книги, тематски настани, средби
  • Презентација на активностите на компанијата во тв-медиуми

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат CV на македонски и мотивациско писмо на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Кандидатот е потребно да има искуство во областа повеќе од 3 години, а предност ќе имаат кандидатите што имаат искуство во издаваштвото. Ќе се земат предвид само апликантите што целосно ги исполнуваат наведените услови.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »