Специјалист за дигитален маркетинг

За компанијата: БД Група е маркетинг агенција, тим составен од креативни и уметнички експерти, медиумски планери, оддели за производство и организирање, туку и од високо квалификувани аналитичари, финансиски менаџери... повеќе за компанијата »

Одговорности:

  • Управување со комуникацијата на социјалните мрежи,
  • Креирање и имплементирање на маркетинг стратегии наменети за дигиталните медиуми,
  • Менаџирање и оптимизирање на кампањи на дигитални медиуми,
  • Редовно следење на ефикасноста на дигиталните активности,
  • Мерење на резултати, нивна интерпретација и анализа,
  • Креирање на извештаи за завршените задачи,
  • Координација и соработка со останатите сектори на агенцијата.

 Потребни квалификации:

  • Одлично познавање и искуство во работење со социјални мрежи,
  • Напредно познавање на Facebook Ads Manager, Google Adwords и Google Analytics,
  • Предност е познавање на WordPress и SEO,
  • Способност за анализа на статистики генерирани од дигитални медиуми и канали,
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.

Сите заинтересирани кандидати можат да испратат кратка биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 10.04.2019.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »