.NET и ANGULAR ПРОГРАМЕР (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

За нас   
 
EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени. 
 
За во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн/а е инженер/ка за апликации кој/а ќе има клучна улога во реализирањето на нашите проекти врзани со развој и одржување на апликации 
 
.NET и ANGULAR ПРОГРАМЕР  (М/Ж)  
 
 Опис на работните задачи 

  • Анализа на кориснички барања  
  • Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на апликативни решенија  
  • Имплементација, интеграција и одржување на готови апликативни решенија  
  • Креирање техничка документација и документирање на изворен код 


Потребни компетенции 
 

  • Одлично познавање на Visual studio.NET (C#, ASP.NET Web forms, MVC, Integration and Reporting Services) Одлично познавање на Web API, Web Services, Angular, Bootstrap  
  • Познавање на релациони бази на податоци: Oracle (SQL, PL/SQL), SQL Server (T-SQL)  
  • Познавање на JavaScript, JQuery, HTML, CSS и XML  
  • Познавање на софтверски архитектури, шаблони за дизајн и агилни методологии на работа


Потребни квалификации и лични карактеристики 

  • Високо образование - Информатика  
  • Одлично познавање на Англиски јазик, пожелно е познавање на Германски јазик  
  • Работно искуство најмалку 2 години  
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, способност за работа под притисок и кратки рокови, комуникативност, способност за работа во тим 

 Ги очекуваме Вашите апликации на [најави се за да го видиш е-маилот] на електронската апликација на нашата интернет-страница http://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx 
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување  
 
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!  
 
ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси
www.evn.mk, [најави се за да го видиш е-маилот] , [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »