Општ работник во производство

Плата 30.000 ден.

За компанијата: Камел Солар е производител на соларни термални колектори, лоциран во индустриска зона Визбегово, Скопје. Произведуваме два типа на соларни термални колектори, плочести колектори со димензии 2.0м2 и 2.5м2,... повеќе за компанијата »

Оглас за вработување: Општ работник во производство

Компанијата Камел Солар ДОО Скопје со адреса Индустриска зона Визбегово, Скопје, објавува оглас за вработување на еден општ работник во производство на определено време од 3 месеци, со можност за продолжување.

Работни задачи:

  • Пакување;
  • Утовар - Истовар
  • Едноставни работи во производствените процеси.

Што нуди нашата компанија:

  • Редовна месечна плата во износ од 30.000,00 денари со можности за зголемување во зависност од покажаните способности;
  • Полно работно време од 40 часа неделно;
  • Други сродни и поврзани работи во согласност со неговиот степен на стручна подготовка•
  • Нуди пријатна работна атмосфера.

Што бараме од вас:

  • Завршено средно образование
  • Работно искуство, најмалку 3 години;
  • Способност за самостојно и тимско работење.
  • Ги извршува обврските и да ги следи упатствата и насоките дадени од страна на претпоставениот работник

Доколку сте заинтересирани и сметате дека ги исполнувате квалификациите што ги бараме, пратете ваше CV за работново место на e-mail адресата  [најави се за да го видиш е-маилот]  и ќе бидете контактирани од наша страна.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »