Надополнување на база на потенцијални кандидати за вработување

За компанијата: Штедилница Можности е финансиска институција која постои повеќе од 22 години на финансискиот пазар во Република Северна Македонија, додека почетоците на микро кредитирањето преку Можности датираат од 1996 година. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Штедилница Можности има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати за пополнување на упразнети и новоотворени работни места за следните работни позиции:

  • Службеници во сектор деловна мрежа, експозитурите на Штедилницата во Скопје,
  • Службеници во сектор трансакции и логистика на продажба и
  • Службеници во служба за управување со лоши пласмани.

Потенцијалните кандидати за вработување би требало да ги исполнуваат следните вештини и знаења:

  • Завршено високо образование економски, правни и/или други факултети, со основни познавања на финансиски извештаи, со или без работно искуство,
  • Завршено Средно образование со минимум 3 години работно искуство во финансиски сектор,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија,
  • Солидно познавање на англиски јазик.

Доколку сакате да влезете во листата на потенцијални кандидати за наведените позиции, Ве замолуваме да аплицирате преку нашата web страна или пратете професионална биографија (CV) преку е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] , не подоцна од 06.06.2022 година, со назнака за која работна позиција аплицирате.
Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесите на регрутација додека трааат.

Штедилница Можности го задржува правото доколку се појави потреба во текот на годината да исконтактира со заинтерисираните кандидати.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »