Раководител на подружница

За компанијата: Прима Оптика е основана во 1999 година. Денес, достапна на 5 локации во Скопје: Сити Мол, East Gate Mall, Беверли Хилс, ГТЦ и ТЦ. Лептокарија. Професионален тим и задоволни клиенти се наша примарна цел повеќе од 21 година. повеќе за компанијата »

Поради проширување на работните активности, Прима Оптика има потреба од Раководител на подружница, подготвен за долгорочен ангажман. Бараниот профил се кандидати со минимум 2 години работно искуство во продажба, како и работно искуство на раководна позиција и раководење со продажен тим. Кандидатите треба да со возраст од над 35 години, да поседуваат високо образование и познавање на англиски јазик.

Одбраните кандидати добиваат плата од 30.000 ден., договор на неопределено, во 40 работни часа неделно, вклучувајќи работа во смени.


Ги повикуваме заинтересираните кандидати да ја испратат својата работна биографија со фотографија и назнака (За Раководител) на: [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »