Лабораториски техничар

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

Лабораториски техничар

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • Диплома за завршено средно фармацевтско училиште, хемиско-технолошка струка, или друга слична техничка струка
  • Факултетска диплома по природни науки се смета за предност
  • Пожелно е кандидатот да биде од близина на Кавадарци/ Росоман/ Неготино
  • Претходно релевантно искуство се смета за предност
  • Претходно искуство со GMP регулатива се смета за предност
  • Способност да комуницира на англиски јазик

 

Одговорности и работни задачи:

  • Врши прием на барања за земање на примерок, ги пополнува и зема примерок за анализа согласно пишаните процедури.
  • Врши прием на реагенси наменети за лабораториското работење изготвува листи за нивното користење, ги ажурира веќе постоечките лиси и прави преглед на залихи од истите.
  • Подготвува реагенси за работа и ја следи валидноста на веќе подготвените.
  • Учествува во припремата на примероците за анализа
  • Зема примероци за следење на квалитетот на водата во култивација и производство
  • Учествува во контролата на квалитетот на физички параметри (pH, кондуктивност, губиток со сушење, вода...)
  • Врши контрола на квалитет на паковен материјал за производство
  • Се грижи за средување на референтни мостри од влезните материјали и репрезентативни примероци од финалните производи
  • Средува документација од извршена контрола согласно пропишани постапки во состемот за менаџирање со документација
  • Врши припрема за стерилизација на материјали и опрема наменета за микробиолошка лабораторија
  • Проверува и осигурува дека фармацевтската лабораторија ги има потребните ресурси од заштитна опрема, реагенси и потрошен материјал.

 

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Одлична способност, за мултитаскинг, способност за управување со време и оптимизација на процеси
  • Ориентиран кон детал
  • Силна работна етика и способност за следење инструкции и регулативи
  • Позитивен пристап кон работата
  • Флексибилност при извршување на работните обврски и самоиницијативност

 

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »