Финансиски асистент

(преземи го огласот во Word)

Конкурс за вработување на финансиски/-ка асистент/-ка

ХЕРА објавува конкурс за вработување на финансиски/-ка асистент/–ка во Скопје, на определено времe.

Опис на ангажман:

Финансискиот/-ката асистент/-ка го помага финансиското и административното работење на организацијата. Ова вклучува:

 -водење на тековни финансиски состојби на проектите на организацијата;

-подготовка и правење исплати на банкарски налози и средување на финансиската документација;

-подготовка на финансиски извештаи за проектите;

-комуникација со државни институции при регистрација на проекти и други административни обврски кои произлегуваат кон државата;

-водење на каса- исплати на организацијата;

-пополнување на ДДВ/ЕПФ обрасци за УЈП за проекти ослободени од ДДВ;

-спроведување на набавки за организацијата;

-буџетирање на проекти, како и други задачи поврзани со финансиско-административното работење на организацијата согласно воспоставените внатрешни политики и регулативи.  

  1. Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • Завршено високо образование
  • Најмалку тригодишно искуство во финансиско и административно работење со проекти
  • Одлични вештини на информатичка технологија, пред се познавање со програмата Excel
  • Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик
  • Познавање со канцелариско и административно работење
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
  • Државјанство на Република Македонија

За предност ќе се смета:

  • Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори (Агенции на Обединетите Нации, Европска Комисија)
  • Сензибилизираност и искуство на работа со маргинализирани и социјално- исклучени групи на граѓани
  • Возачка дозвола: Б категорија

 

Основната бруто плата е 50.000 денари. Работното време е 40 часа во работната недела.

Најдоцна до 20 Септември 2020 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • детална биографија на македонски јазик
  • писмо за мотивација на македонски јазик
  • потврда за завршено образование
  • потврда/препорака од претходен работодавач за најмалку тригодишно работно искуство во финансиско и административно раководење на проекти

Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.

ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за финансиски/-ка асистент/-ка можете да ги доставите на еден од следниве начини:

Електронски:

[најави се за да го видиш е-маилот]

По пошта:

 

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »