Координатор во Производство

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

Координатор во Производство

 

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • Диплома за завршено високо образование – Фармацевтски/Хемиски/Технолошки факултет
  • Најмалку 1 годинa релевантно искуство.
  • Основно познавање од англиски јазик и Microsoft office пакетот.

Одговорности и работни задачи:

 

  • Одговорен за правилно и навремена реализација на планот за работа, негова организација, контрола и спроведување според начелата на ДПП;
  • Одговорен за контрола на квалитет и квантитет на процесите на производство и учествува во истите;
  • Одговорен за следење и контрола на условите во Произодство според начелата на ДПП;
  • Одговорен за контрола за одржување на хигиена во Производство;
  • Одговорен за изработување и водење и правилно пополнување на производни протоколи, работни налози, контрола на требување на почетни материјали и амбалажа за секоја серија на производ;
  • Одговорен за поднесување извештаи, информации и анализи за производство до непосреден претпоставен;
  • Одговорен за сите неусогласености и отстапувања во текот на производниот процес да ги пријави до непосреден раководител и да пополни документација за истото;
  • Контактира со соодветните одговорни лица за магацини, контрола на квалитет, култивација, набавка, обезбедување на квалитет, технички операции за успешна организација на работата во Производство.
  • Изработка и ревизија на СОП-ови и Работни упатсва поврзани со производниот процес и работата во Производство

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност; 
  • Способност да внимава на детали;
  • Докажани способности за водење документација;
  • Следење на интерните правила и процедури;
  • Самоиницијативност и самокритичност;

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »