Флекс Кредит лого

Маркетинг Специјалист

За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки... повеќе за компанијата »

Флекс Кредит како финансиско друштво е водечки играч во делот на брзи кредити во Романија, Бугарија  и  Северна Македонија. Нашата компанија спроведува политика на иновации и верува дека личниот развој е најважен. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавец за сите оние кои се во потрага по нов предизвик.

Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби ,процеси и активности на Флекс Кредит на територијата на Северна Македонија, објавуваме оглас за работна позиција: 

 

Маркетинг Специјалист

.Опис на работни задачи

  • Одговорен за брендирање, рекламирање и утврдување на перцепцијата на потрошувачите за брендот на компанијата.
  • Врши спроведување на маркетинг кампањи за промоција на брендот, заедно со надворешни добавувачи: медиуми, агенции и сл.
  • Управува со присуството на доверената марка во сите канали за комуникација, следејќи ја добрата слика и нејзината промоција.
  • Ги анализира трендовите на пазарот, конкурентските активности и клучните индикатори за перформансите на брендот.
  • Ги идентификува потенцијалните нови и постојни можности на пазарот;
  • Одговорен за организација и спроведување на регионални активности, комуникација со регионалните менаџери, раководители на канцеларии и следење на спроведувањето на поставените цели.
  • Учествува во развој на стратегии за кампањи на Дирекцијата за човечки ресурси, насочени кон градење и промовирање на бренд на работодавач.
  • Сеопфатно управување со брендот во стратешка и оперативна смисла.
  • Врши и други тековни задачи, кои му се доделуваат од директниот менаџер и се поврзани со неговата активност.

 Основни квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува:

  • Задолжително работно искуство во маркетинг од најмалку 2 години.
  • Пожелно завршено високо образование – Економски Факултет – Маркетинг/Е-Бизнис менаџмент
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Одлично познавање на Office пакет
  • Креативно размислување и познавање на актуелни маркетинг трендови и канали на комуникација
  • Развиени организациски и комуникациски вештини и способност за работа на повеќе проекти истовремено
  • Енергична, одговорна, посветена и исполнителна личност, способна за работа во тим 

 

Ние нудиме:

  • Работно време понеделник до петок 09.00-17.00 часот
  • Атрактивен пакет на бонуси;
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Дополнитлна  обука и тренинг
  • Динамична атмосфера во брзорастечка компанија

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »